Што е Windows Hello?
Windows 10
Windows Hello е поперсонален и побезбеден начин за добивање инстант пристап до вашите уреди на Windows 10 со помош на опцијата за препознавање отпечаток од прстот, лице или ирис.
Повеќето компјутери што имаат читачи на отпечатоци сега се подготвени за користење на Windows Hello, а наскоро доаѓаат и повеќе уреди што ќе може да препознаваат лица и ириси. Доколку имате уред компатибилен со Windows Hello, еве како да го поставите:
Windows 10 Mobile
Windows Hello e поперсонален начин за пријавување на уредите со Windows 10. Ви ги препознава очите за проверка на идентитетот, што значи дека добивате безбедност на организациско ниво без да треба да пишувате лозинка.
Како Windows Hello ја одржува приватноста на моите податоци?
Некои телефони на Lumia што извршуваат Windows 10 сега се подготвени за употреба на Windows Hello, а наскоро доаѓаат и повеќе уреди што ќе може да препознаваат ириси.
Во Старт, поминете со прстот до списокот со сите апликации, па изберете Параметри > Сметки > Опции за пријавување.
Штом ќе завршите со поставувањето, ќе може да го отклучите телефонот со еден поглед.