Како да знам дали да им верувам на веб-локациите во Microsoft Edge?
Доколку видите копче со катинар до адресата на веб-локацијата во Microsoft Edge, тоа значи дека:
Тоа што го испраќате и примате од веб-локацијата е шифрирано, со што на другите им се отежнува пристапот до овие информации.
Веб-локацијата е проверена, што значи дека компанијата што раководи со локацијата има сертификат што докажува дека ја поседува. Кликнете на копчето со катинар за да видите кој ја поседува локацијата и кој ја проверил.
Додека сивиот катинар значи дека веб-локацијата е шифрирана и потврдена, зелениот значи дека Microsoft Edge смета дека е многу веројатно да е автентична. Тоа е така бидејќи користи сертификат за проширена проверка (ЕВ), којшто бара построг процес за проверка на идентитетот.