Како функционира опцијата за подобрување во апликацијата Фотографии?
Како функционира
Апликацијата Фотографии автоматски ги подобрува фотографиите со приспособување на работите како бојата, контрастот, осветленоста, црвените очи, па дури и го исправа навалениот хоризонт ако е потребно.Измените не се зачувуваат на оригиналните датотеки. Може да ги вклучите или исклучите подобрувањата во секое време.
Доколку видите знак за избирање на копчето Подобри, фотографијата е подобрена. Доколку нема, веќе е совршена!
Вклучување или исклучување
Во апликацијата Фотографии, користете го копчето Подобри за да променувате помеѓу оригиналната и подобрената фотографија. Подобрувањето не ја менува трајно оригиналната фотографија.
За да ги отстраните сите автоматски подобрувања наеднаш, појдете во Параметри во апликацијата Фотографии и исклучете ја опцијата Автоматски подобрувај ги моите фотографии. Сѐ уште може да ги подобрувате фотографиите една по една и кога ова е исклучено.