Менување на стандардниот пребарувач во Microsoft Edge
Microsoft го препорачува Bing за подобрено искуство со пребарувањето во Microsoft Edge на Windows 10. Задржувањето на Bing како стандарден пребарувач ви овозможува:
Директни врски до апликациите на Windows 10, со што побрзо ве води директно до вашите апликации.
Порелевантни предлози од Cortana, вашиот личен дигитален помошник.
Инстант помош што ќе ви помогне да го извлечете најдоброто од Microsoft Edge и Windows 10.
Но Microsoft Edge ја користи технологијата на OpenSearch, па може да го менувате стандардниот пребарувач.
Внесете ја веб-локацијата на пребарувачот во прегледувачот Microsoft Edge (на пример, www.contoso.com) и отворете ја страницата.
Изберете Повеќе дејства (…) > Параметри и лизгајте надолу за да изберете Прикажи ги напредните параметри. Во списокот под Пребарај во адресната лента со, изберете Измени.
Изберете ја веб-локацијата на пребарувачот и изберете Постави како стандарден. Доколку не изберете пребарувач, копчето Постави како стандарден ќе биде неактивно.