Поддршка за Windows 10

поправање на врските со аудиоуредите и безжичните екрани со bluetooth во windows 10

Поправање на врските со аудиоуредите и безжичните екрани со Bluetooth

Bluetooth-аудио

Доколку со притискање на копчето Поврзи во центарот на активности не го најдете уредот, обидете се со следново:
Проверете дали уредот на Windows поддржува Buletooth и дали е вклучен. Ќе видите копче Bluetooth во центарот на активности.


Доколку не го видите, обидете се со ажурирање на двигателот за уредот. Еве како: појдете во Старт, внесете Управник со уреди, изберете го од списокот со резултати, а потоа во Управникот со уреди, пронајдете го уредот, десен клик на него (или притиснете го и држете го), изберете Ажурирај го софтверот за двигатели, па Автоматски пребарај ажуриран софтвер за двигатели и потоа следете ги останатите чекори.
Доколку Bluetooth е вклучен и двигателот ажуриран, но уредот сè уште не работи, обидете се со отстранување и повторно спарување. Еве како: појдете во Старт, внесете Уреди, изберете Bluetooth, изберете го уредот, па Отстрани го уредот, и потоа спарете го повторно.
Проверете дали аудиоуредот со активиран Bluetooth е вклучен и дали може да се открие. Постапката зависи од уредот, па затоа разгледајте ги информациите што ги добивте со него или појдете на веб-локацијата на производителот.

Уреди со Miracast

Доколку со притискање на копчето Поврзи во центарот на активности не го најдете уредот, обидете се со следново:
Проверете дали уредот на Windows поддржува Miracast со проверување на информациите што ги добивте со него или со посета на веб-локацијата на производителот.
Проверете дали Wi-Fi е вклучен.
Проверете дали екранот што сакате да го проектирате поддржува Miracast и дали е вклучен. Доколку не поддржува, ќе ви треба адаптер за Miracast (наречен и „донгл“) што се приклучува во ХДМИ-портата.

Уреди со WiGig

Доколку со притискање на копчето Поврзи во центарот на активности не го најдете уредот, обидете се со следново:
Проверете дали уредот на Windows поддржува WiGig и дали е вклучен. Доколку компјутерот поддржува WiGig, ќе видите копче WiGig во Параметри > Авионски режим.
Проверете дали екранот поддржува WiGig. Доколку не поддржува, ќе ви треба док за WiGig.

Exit mobile version