Преместување ставки од апликацијата Список за читање во Microsoft Edge
Има вграден список за читање во Microsoft Edge, новиот прегледувач во Windows 10. Доколку ја користевте апликацијата Список за читање во Windows 8.1, а сега надградивте на Windows 10, преместете ги ставките од старата апликација во Microsoft Edge.
Во апликацијата Список за читање, изберете ја ставката за да ја отворите во Microsoft Edge.
(Ако се отвори во друг прегледувач, прво појдете во Старт, па Параметри > Систем > Стандардни апликации и изменете го стандардниот веб-прегледувач на Microsoft Edge.)
Во Microsoft Edge, изберете ја иконата во форма на ѕвездичка, изберете Список за читање и потоа изберете Додај.