Користење на апликацијата Аларми и часовник
Отфрлање или одложување аларми
Алармите ќе се активираат дури и кога апликацијата е затворена, звукот е исклучен, компјутерот е заклучен или (на некои од поновите лаптопи или таблети што имаат InstantGo) во режимот на штедење.
Но нема да функционираат кога компјутерот е во хибернација или кога е исклучен. Проверете дали компјутерот е приклучен на наизменична струја за да ја спречите хибернацијата.
За одложување или отфрлање на алармот:
Во известувањето што се појавува, изберете Отфрли за да го исклучите или Одложи за повторно да се активира по кратко време.
Доколку известувањето се затвори пред да дојдете до него, изберете ја иконата за центарот на активности во долниот десен агол за да се прикаже во списокот и изберете го оттаму.
Доколку екранот е заклучен, известувањето за алармот се појавува во горниот дел на екранот при заклучување и може да го исклучите оттаму.
Што е ново
Апликацијата Аларми и часовник го комбинира будилникот со светските часовници, тајмер и штоперица. Еве неколку работи што може да ги правите со апликацијата:
Слушајте, одложувајте и отфрлајте аларми дури и кога екранот е заклучен или звукот е исклучен
Изберете различни звуци или сопствената музика за алармите
Споредувајте го времето насекаде во светот
Светски часовници
Еве како да додадете локација и да го споредувате времето насекаде во светот:
Во апликацијата Аларми и часовник, изберете Светски часовник и потоа Нов + во долниот дел.
Внесете ги првите неколку букви од саканата локација и потоа изберете ја во паѓачкиот список. Доколку не ја гледате, внесете друга локација од истата временска зона.
Изберете Споредба на времето (двата часовници во долниот дел) и потоа преместете го лизгачот за да изберете ново време за споредување. Изберете локација на мапата за да го измените местото на коешто се однесува лизгачот.
За да излезете од режимот за споредба на времето, изберете го копчето Назад или притиснете Esc.