Кога посетувате одредена веб-локација којашто бара да се пријавите, Microsoft Edge ќе ве праша дали сакате да ги запомни вашето корисничко име и лозинката. Следниот пат кога ќе ја посетите локацијата, Microsoft Edge ќе го заврши пополнувањето на информациите за сметката.
Зачувувањето на лозинката е стандардно вклучено, но еве како да го вклучите или исклучите:
Во прегледувачот Microsoft Edge, изберете Повеќе дејства (…) > Параметри > Прикажи ги напредните параметри.
Поставете ја опцијата Понуда за зачувување лозинки на исклучено.
Белешка: претходно зачуваните лозинки не се бришат. За да го направите тоа, појдете во Параметри, изберете Избери што да се исчисти под Исчисти ги податоците за прегледување и потоа и изберете Лозинки.