Windows 10
Претходните прегледи се информациите што ги памети Microsoft Edge, вклучувајќи ги лозинките, информациите внесени во формуларите и посетените локации, и ги складира во компјутерот како што прегледувате на веб.
За да ги прикажете претходните прегледи, изберете Центар > Историја. За да ги избришете, изберете Исчисти ја целата историја, изберете ги типовите податоци или датотеки што сакате да ги отстраните од компјутерот, а потоа изберете Исчисти.
Windows 10 Mobile
Претходните прегледи се информациите што ги памети Microsoft Edge, вклучувајќи ги лозинките, информациите внесени во формуларите и посетените локации, и ги складира во уредот како што прегледувате на веб.
За да ги прикажете претходните прегледи, изберете Повеќе дејства > Центар > Историја. За да ги избришете, изберете Исчисти ја целата историја, изберете ги типовите податоци или датотеки што сакате да ги отстраните, па изберете Исчисти.