поправање на врските со аудиоуредите и безжичните екрани со bluetooth во windows 10 mobile

Поправање на врските со аудиоуредите и безжичните екрани со Bluetooth

Bluetooth-аудио

Доколку со притискање на копчето Поврзиво центарот на активности не го најдете аудиоуредот со активиран Bluetooth, обидете се со ова:


Проверете дали уредот на Windows поддржува Buletooth и дали е вклучен. Ќе го видите копчето Bluetooth во центарот на активности.
Проверете дали аудиоуредот со активиран Bluetooth е вклучен и дали може да се открие. Постапката зависи од уредот, па затоа разгледајте ги информациите што ги добивте со него или појдете на веб-локацијата на производителот.
Доколку барате уреди со активиран Bluetooth што не се аудио, појдете во страницата со параметри за Bluetooth. Појдете во Параметри, изберете Уреди, изберете Bluetooth, изберете го уредот, па Отстрани го уредот, и потоа спарете го повторно.

Уреди со Miracast

Доколку со притискање на копчето Поврзи во центарот на активности не го најдете уредот, обидете се со ова:
Проверете дали уредот на Windows поддржува Miracast со проверување на информациите што ги добивте со него или со посета на веб-локацијата на производителот.
Проверете дали Wi-Fi е вклучен.
Проверете дали екранот што сакате да го проектирате поддржува Miracast и дали е вклучен. Доколку не поддржува, ќе ви треба адаптер за Miracast (наречен и „донгл“) што се приклучува во ХДМИ-портата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *